За нас

Коузон Травел е составен дел од Коузон Корпорација, која веќе три децении е лидер компанија во Европа за регрутирање на лица во Cruises индустријата

Покрај регрутацијата, Коузон Корпорација е позната и по програмите за студенти како и по организирање на летни спортски кампови. Сите овие наши сервиси се насочени кон подобрување на личните квалификации на учениците и студентите и секако создавање на мотивирани млади лица според западноевропските стандарди.
Го искористивме нашето огромно искуство и лидерството во сите овие сервиси, за да создадеме оддел за патувања што ги исполнува највисоките стандарди за квалитет и услуга.

За нас нема тајни во организирањето на сите форми на патувања и крстарења.

Впрочем ние сме партнери за сите Cruises компании во повеќе држави во светот.

Во Македонија, името на Коузон е препознатливо по бродовите за крстарење.

Без разлика дали сакате да тргнете на индивидуално или групно крстарење, да истражите некоја егзотична дестинација или едноставно да ви се обезбедат најдобрите цени за авионски билети и екскурзии, ние сме тука да ги задоволиме сите ваши потреби.

За ваш комплетен третман, ви стоиме на располагање и со сервис за апликации за виза ( САД, Дубаи, Канада, Мексико и многу други држави ).

Доверете ни го нам вашето следно патување и пловете во водите на уживањето и запознавањето на нови туристички дестинации.

Live your Dream with Kouzon