ЛАПОНИЈА— чудесна зимска земја на Дедо Мраз!
Од Скопје
Термин: 27.01-01.02.2026
Пакет аранжман: Авионски билети I 5 ноќевања во хотел 3/4* I Посета на селото на Дедо Мраз I трансфери I Претставник од агенција со пријавени 16 лица
Лапонија нуди единствено искуство на патување, со мешавина од авантура, култура и природна убавина. Без разлика дали сте во посета на празници или ја истражувате дивината на Арктикот, спомените што ги создавате овде ќе траат цел живот.
Зошто да ја посетите Лапонија?
Лапонија е магична земја на полноќното сонце, северната светлина и Дедо Мраз. Лоцирана на крајниот север на Финска, таа нуди незаборавно искуство со снежни авантури, културно истражување и недопрена арктичка природа. Може да возите моторни санки, да гледате Аурора Бореалис, да ја доживеете културата на Сами и да посетите вистинско село на Дедо Мраз.
Во зимските месеци, пејзажите покриени со снег создаваат вистинска зимска бајка. Љубителите на природа, семејствата со деца и авантуристите ќе најдат активности што ќе им останат во сеќавање цел живот.
1499€
|
ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ |
|
|
1 |
Скопје- Рованиеми (Лапонија) – Леви Состанок на групата во раните утрински часови. Потоа следи лет до Рованиеми со едно преседнување. Пристигнување во Рованиеми во попладневните часови. По слетувањето, ве очекува директен трансфер кон Леви – еден од најпознатите зимски туристички центри во Финска. Патувањето трае околу 2 часа и 30 минути, минувајќи низ снежни арктички пејзажи и типични фински села. 📍 Сместување во хотел. Вечерта е слободна за адаптација, одмор и запознавање со околината.
|
|
2 |
Леви – Northern Lights Campfire Појадокот во хотелот е совршен почеток на денот – обилен и свеж, за да се напојувате со енергија пред да започнете со снежните активности во Леви. За љубителите на природа и тишина, препорачуваме зимски прошетки со снежни чизми (snowshoeing) низ неверојатната арктичка природа, каде што можете да уживате во мирот и белината на Лапонија. Во шармантното селце Леви, исто така, може да разгледувате и купувате уникатни сувенири и локални производи, кои се совршен спомен од овој магичен крај. За оние кои сакаат адреналин, Леви е најголемиот скијачки центар во Финска, со над 40 патеки прилагодени за почетници и искусни скијачи, како и современи жичари. Приближната цена за дневен ски пас изнесува околу 55 € за возрасни и 35 € за деца, а изнајмувањето на комплет ски опрема чини од 35 до 45 €. Достапни се и ски училишта за сите нивоа, кои може да се ангажираат дополнително. За магично завршување на денот, препорачуваме : Факултативна вечерна екскурзија – Northern Lights Campfire Доживејте ја магијата на Северната светлина (Aurora Borealis) во уникатна атмосфера, далеку од вештачките светла на селото. Ќе тргнете од Леви кон специјално избрано место, каде ќе уживате во пикник околу логорски оган со печени колбаси, топли напитоци и домашни пецива.
За вечера, имате можност да изберете хотелски ресторан или локален објект каде ќе пробате традиционални фински специјалитети како кремаста супа од лосос (Lohikeitto), традиционална пита со риба и свинско месо (Kalakukko) или задушено месо од ирвас со пире и брусница (Poronkäristys). Просечната цена за вечера се движи од 35 до 50 € по лице, во зависност од изборот и локацијата. |
|
3 |
Леви – Хаски сафари Појадок во хотел Целодневни факултативни активности
Враќање во хотел.По возбудливиот ден, вратете се во хотелот за заслужен одмор и релаксација пред вечерта. |
|
4 |
ЛЕВИ-Ден на слободно време / Факултативни активности * Појадок во хотелот: * Факултативни активности:
|
* Факултативна вечера:
Опциите за вечера се достапни во хотелот или во локален фински ресторан, каде што можете да пробате специјалитети како супа од печурки или карелско тесто.
5
Леви / Santa Claus Village
* Појадок во хотелот:
Уживајте во појадокот пред уште еден ден на истражување.
Појадок во хотел
Започнете го денот со традиционален и вкусен појадок кој ќе ви даде енергија за сите авантури што ве очекуваат.
❄️ Активности
🎒 Село на Дедо Мраз
Следува трансфер со јавен превоз до магичното Село на Дедо Мраз во Рованиеми, Финска, сместено точно на линијата на Северниот Поларен Круг. Ова е незаборавно доживување за целото семејство, со снежна атмосфера, топлина и празничен дух.
Бесплатни активности и доживувања вклучени во посетата:
🧑🎄 Оваа тричасовна посета е идеална за деца и возрасни, создавајќи магични спомени во срцето на Лапонија.
По завршувањето на посетата:
Следува трансфер со јавен превоз кон Леви, една од најпознатите зимски дестинации во Финска, каде што гостите ќе бидат сместени во хотел.
🍽️ Факултативна вечера
Завршете го денот со вкусна вечера – во хотелот или некој локален ресторан. Не пропуштајте да ги пробате традиционалните фински специјалитети:
💶 Просечна цена на вечера: 35–50 € по лице
05.12.2025
Леви -Скопје
По појадокот следи одјавување од хотелот во Леви и подготовка за трансфер до аеродромот.Следува лет попладневен лет со едно преместување .Прстигање во Скопје во вечерните часови.
Со себе понесете прекрасни спомени од волшебното искуство во Финска – земјата на северната светлина, хаските и тишината на арктичката природа.
Крај на патувањето.
|
Levi Suites – Levin Klubi 4* (Само наем) 1499€ |
Break Sokos Hotel Levi 4* (со појадок) 2096€ |
Levi Suites Unna Mànnu 4* (Само наем) 1724€ |
Levi Hotel Spa4* (со појадок) 2784€ |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
✔Авионски билет Скопје-Ровиенм-Скопје со трансфер, вклучувајќи аеродромски такси и чекиран багаж 23 кг и ски опрема
✔Трансфери аеродром – хотел – аеродром
✔5 ноќевања во хотел
✔1Посета на Santa Claus Village со јавен превоз (доколку нема минимален број на патници од 16 луге , не е вклучено но даваме насока за индивидуално )
✔ Обезбедени се сите трансфер во Финска
✔ Претставник од агенција со пријавени 16 лица.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
✔Трошоци од лична природа
✔Патничко осигурување
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
Услови за резервација :
✔ Депозит 1 – 125€/7750 мкд од лице при резервација
✔ Депозит 2 – доплата до 30% до 28.08.2025.
✔ Целосна уплата 35 дена пред патување .
✔LEVI SUITES – LEVIN KLUBI 4* е потребно 80% уплата при резервација и истиот износ не е рефундабилен
ПОЛИТИКА НА ОТКАЖУВАЊЕ :
Не важат за ✔LEVI SUITES – LEVIN KLUBI 4*
✔ При откажување до 28.08.2025 – се задржува износот на депозитот.
✔ При откажување од 28.08.2025 до 10.11.2025 – пенали 50% од пакетната цена.
✔ При откажување од 11.11.2025 натаму –пенали 100% од пакетната цена.
📍 LEVI SUITES – LEVIN KLUBI 4*
🔗 https://tinyurl.com/2cmwlncd
🛏 Studio, 1 Queen Bed
✨ Сместен во срцето на Levi Ski Resort, овој апартмански комплекс нуди ski-in ski-out пристап, што значи директен пристап до скијачките патеки. Секој апартман има бесплатен WiFi и приватен паркинг со грејна приклучница.
БЕЛЕШКИ:
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
• КОУЗОН ТРАВЕЛ не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграцискиот оддел на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.
• За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Само за наши членови – попусти, новости и скриени понуди!