 
      
    Групно крстарење со COSTA DIADEMA
Европски градови
Термин: 11.09.2026 – 21.09.2026
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Коста Диадема, позната и како „кралица на Медитеранот“, е изградена во 2014 година во бродоградилиштето „Финкантиери“ во Италија,со цена на изградбата од околу 550 милиони евра. Бродот е долг 306 метри, широк 37 метри, со максимална брзина од 22,5 јазли. Бродот има 19 палуби, од кои 14 се достапни за гостите. Околу 4.000 патници можат да бидат сместени во 1.862 кабини, за кои се грижи екипаж од 1.253 членови. Главната инспирација за внатрешната декорација на бродот била уметноста на италијанската ренесанса и современата поп-арт, така што бродот е горд што прикажува 190 оригинални уметнички дела и 7874 репродукции со тема Kралеви.
| ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ | |
| 11.09.2026 | Скопје – Копенхаген Собир на групата во 02:30 часот рано наутро на аеродромот во Скопје и полетување кон Копенхаген, со едно преседнување. Пристигнување во утринските часови. По завршување на граничните формалности следува трансфер со автобус и сместување во хотел од 3* или сличен. Откако ќе се одмориме и освежиме, ве очекува пешачка тура низ Копенхаген (траење 2.5 – 3 часа), каде ќе ги откриеме најпознатите знаменитости на градот: 
 Во текот на турaта, ручекот и вечерата се опционални и ќе бидат предложени од страна на нашиот претставник, со препораки за локални ресторани и специјалитети. Совет: Носете удобни обувки и бидете подготвени за релаксирано пешачење низ шармантните улици на Копенхаген. Враќање во хотелот и ноќевање. 
 | 
| 12.09.2026 | Копенхаген, Данска По појадокот, одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални активности или прошетка низ околината во траење од 2–3 часа. Состанок на групата во лобито на хотелот во 13:30 часот, по што следува трансфер кон пристаништето. По пристигнувањето во пристаништето и завршување на сите формалности за чекирање и качување на бродот Costa Diadema, патниците ќе бидат сместени во своите кабини. Потоа следува време за одмор и можност за ручек на палуба 10 во бифето ресторан Corona Blu. Состанок на групата во 17:00 часот на назначеното место со претставникот (палуба 10), каде ќе се дадат важни информации за крстарењето. По состанокот, задолжително е учество на Safety Drill вежбата, која сите патници мора да ја извршат пред испловување на бродот. Потоа следуваат слободни активности на бродот, каде можете да уживате во бројните содржини и забава што Costa Diadema ги нуди: 
 Ова е совршена прилика да започнете да го откривате бродот и да уживате во првата вечер на крстарењето. Ноќевање на бродот. 
 | 
| 13.09.2026 | Кристијанстад Норвешка Кристијансанд, Норвешка – шармантен град на југот на Норвешка со околу 85.000 жители, познат по стариот дел Posebyen со прекрасни дрвени куќи од 17 век, неоготската катедрала, како и Sørlandets музејот со уметнички дела од 19 век до денес. Градот се гордее со градската плажа Bystranda, совршена за прошетка и одмор, и тврдината Kristianholm од 17 век, еден од неговите најпознати симболи. За семејствата, особено интересна е Зоолошката градина Кристијансанд, најпознатата во Норвешка. Од пристаниште до центар: 10–12 минути пешки (500–600 м), без потреба од шатл или автобус. Состанок на групата: во 09:30 часот наутро на палуба 10 по појадокот. Пешачка тура: од 10:00 до 13:30 часот, каде ќе се посетат најинтересните точки на градот: 
 Враќање на бродот: најдоцна до 14:30 часот, за да имате време за ручење на бродот и одмор пред слободните активности. Слободни активности на бродот: базени, џакузи, wellness и Spa центар, фитнес, театарски шоу програми, барови и ресторани, казина, детски клубови, продавници и бутици на бродот. 
 | 
| 14.09.2026 | Ден на море Коста Диадема, позната и како „кралица на Медитеранот“, е изградена во 2014 година во бродоградилиштето „Финкантиери“ во Италија,со цена на изградбата од околу 550 милиони евра. Бродот е долг 306 метри, широк 37 метри, со максимална брзина од 22,5 јазли. Бродот има 19 палуби, од кои 14 се достапни за гостите. Околу 4.000 патници можат да бидат сместени во 1.862 кабини, за кои се грижи екипаж од 1.253 членови. Главната инспирација за внатрешната декорација на бродот била уметноста на италијанската ренесанса и современата поп-арт, така што бродот е горд што прикажува 190 оригинални уметнички дела и 7874 репродукции со тема Kралеви. Коста Диадема нуди многу содржини на располагање на патниците: седум ресторани, три базени (еден со подвижен покрив), осум џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, бања Самсара… За најмладите има посебен простор. само за нив игра и забава. За да биде интересен секој момент од крстарењето ќе се погрижи , Емералд театар на три нивоа, Openball Disco на палубата 11, казино Colden Jubilee на палубата 5, 4D кино, 11 барови и салони, Country rock club на палубата 5… 
 
 | 
| 15.09.2026 | Ле Харве Франција Ле Харве, Франција – шармантен град во Нормандија со околу 180.000 жители и второ по големина пристаниште во Франција по Марсеј. Градот бил тешко оштетен за време на Втората светска војна, но денеска е познат по модерната архитектура, која е дел од листата на УНЕСКО. Музејот на ликовни уметности на Андре Малро (MuMa) ја чува втората најголема колекција на импресионистички слики во Франција. Од пристаниште до центар: 
 Состанок на групата: 09:30 наутро на бродот по појадокот. Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30): 
 Враќање на бродот: најдоцна до 14:00 за ручек и слободно време на бродот. 
 | 
| 16.09.2026 | Ден на море 
 | 
| 17.09.2026 | Виго Виго е најголемиот риболовен центар во Европа и најнаселен град во Галиција, кој често се нарекува „зелено срце“ на Шпанија. Градот плени со своите прекрасни пејзажи, шармантни рибарски села и средновековни предградија. Од Виго можете лесно да организирате посета до митскиот Сантијаго де Компостела, а во близина се и групи прекрасни острови во Атлантскиот Океан, кои нудат совршена можност за кратки излети. Од пристаниште до центар: пешки околу 5–7 минути – центарот е веднаш пред вас, нема потреба од шатл. Состанок на групата: 09:30 часот наутро на бродот по појадокот. Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30): 
 Враќање на бродот: најдоцна до 14:30, за да имате време за ручек и релаксирање на бродот пред следните активности. 
 | 
| 18.09.2025 | Ден на море Коста Диадема, позната и како „кралица на Медитеранот“, е изградена во 2014 година во бродоградилиштето „Финкантиери“ во Италија,со цена на изградбата од околу 550 милиони евра. Бродот е долг 306 метри, широк 37 метри, со максимална брзина од 22,5 јазли. Бродот има 19 палуби, од кои 14 се достапни за гостите. Околу 4.000 патници можат да бидат сместени во 1.862 кабини, за кои се грижи екипаж од 1.253 членови. Главната инспирација за внатрешната декорација на бродот била уметноста на италијанската ренесанса и современата поп-арт, така што бродот е горд што прикажува 190 оригинални уметнички дела и 7874 репродукции со тема Kралеви. Коста Диадема нуди многу содржини на располагање на патниците: седум ресторани, три базени (еден со подвижен покрив), осум џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, бања Самсара… За најмладите има посебен простор. само за нив игра и забава. За да биде интересен секој момент од крстарењето ќе се погрижи , Емералд театар на три нивоа, Openball Disco на палубата 11, казино Colden Jubilee на палубата 5, 4D кино, 11 барови и салони, Country rock club на палубата 5… 
 | 
| 19.09.2026 | Малага Малага е живописен град на јужниот брег на Шпанија, во регионот Андалузија, кој плени со комбинација од убави плажи, богато културно наследство и медитеранска атмосфера. Градот е родното место на Пабло Пикасо, а стариот град со тесни калдрмени улички и шарени фасади ја доловува автентичната убавина на Андалузија. Од пристаниште до центар: пешки околу 10–15 минути, нема потреба од шатл. Состанок на групата: 09:30 часот наутро на бродот по појадокот. Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30): 
 Враќање на бродот: најдоцна до 14:30, за да имате време за ручек и релаксирање на бродот пред следните активности. 
 | 
| 20.09.2025 | Аликанте, Шпанија Аликанте е приморски град на источното крајбрежје на Шпанија, со медитеранска атмосфера и шармантно старо градско јадро. Градот плени со убави плажи, тесни улички и локални кафулиња, а средновековната тврдина Castillo de Santa Bárbara нуди неверојатен поглед на градот и морето. Од пристаниште до центар: пешки околу 15 минути, нема потреба од шатл. Состанок на групата: 09:30 часот наутро на бродот по појадокот. Предлог пешачка тура (10:00 – 13:30): 
 Враќање на бродот: најдоцна до 14:30, за да имате време за ручек и релаксирање на бродот пред следните активности. 
 | 
| 21.09.2026 | Барселона ,Шпанија По појадокот, групата ќе има состанок на одредено место на бродот во периодот од 09:00 до 11:00, за да се извршат сите процедури за излегување и гранични формалности. По завршување на формалностите и организацијата со багажот, следува трансфер со автобус до центарот на Барселона, град кој се смета за еден од најатрактивните на Медитеранот. Барселона плени со архитектурата на Антони Гауди – неверојатните форми на Саграда Фамилија, Каза Батло и Ла Педрера, кои привлекуваат милиони туристи од целиот свет. Градот нуди и шармантен готски кварт и оживена атмосфера на медитеранска престолнина. За време на престојот, групата ќе има можност за краток разглед или панорамски преглед на градот, со слободно време за фотографии и уживање во градската атмосфера. По завршувањето на престојот, групата ќе се упати кон аеродромот во Барселона за лет во 16:30 со 1 преседнување до Скопје. 
 | 
Крај на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Повратен авионски билет на релација Скопје-Копенхаген и Барселона – Скопје со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж)
• Сите трансфери аеродром – хотел – пристаниште – аеродром
• Прошетки во Копенхаген, Кристијансанд, Ла Харве, Виго, Малага, Аликанте и Барселона (транспорт до почетната точка не е вклучен, јавен превоз/такси околу 5–10 € по лице).
• Ноќевање со појадок во хотел City Cabin 3*во Копенхаген или сличен
• Агенциски претставник на наш јазик за време на целото патување и крстарење
• 9-дневно крстарење со Costa Diadema: кабини со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен и крпи; полн пансион со разновидни оброци, вода од чешма, кафе и чај за време на оброците, закуски, гала и тематски вечери; базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар и дневни активности; услуга за утовар и истовар на личен багаж; алкохолни и безалкохолни пијалоци не се вклучени.
• Пристанишни такси во износ од 200 €
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Индивидуални трошоци
• Факултативни екскурзии (Копенхаген, Кристијансанд, Ла Харве , на отворено море, Виго, Малага, Аликанте, Барселона)
• Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
• Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
• Трошоци за издавање виза (доколку е потребно)
Опција доплата :
ALL INCLUSIVE (250 € по лице, сите патници во кабина мора да ја изберат): My Drinks за возрасни над 18 години вклучува алкохолни и безалкохолни пијалоци, над 25 видови коктели, вино на чаша, кафе и чај во секој бар и ресторан на бродот ; за деца My Drinks Young – овошни сокови, безалкохолни, минерална вода, безалкохолни коктели, кафе, чај и тополо чоколадо.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА НА БРОДОТ::
• Бакшишите за персоналот на бродот се задолжителни и се плаќаат на бродот: 11-14 евра по лице од ден крстарење и 5 евра за деца на возраст од 4 до 14 години од ден (сопственикот на бродот може последователно да го промени износот на бакшишот.)
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
✔ Депозит 1 – 125 € / 7,750 МКД по лице при резервација
✔ Депозит 2 – доплата до 30% од вредноста на резервацијата најдоцна до 60 дена пред поаѓање
✔ Целосна уплата – најдоцна 35 дена пред патувањето
УСЛОВИ ОТКАЖУВАЊЕ:
БЕЛЕШКИ И ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
ETIAS – Европска пред-патничка дозвола:
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
| Ден | Пристаниште | Пристигнување | Поаѓање | 
| 1 | Копенхаген (Данска) | – | 18:00 | 
| 2 | Кристианстад (Норвешка ) | 09:00 | 16:30 | 
| 3 | Ден на море | – | – | 
| 4 | Ла Харве (Франција) | 07:00 | 18:00 | 
| 5 | Ден на море | – | – | 
| 6 | Виго | 10:00 | 18:00 | 
| 7 | Ден на море | – | – | 
| 8 | Малага | 10:00 | 18:00 | 
| 9 | Аликанте (Шпанија) | 10:00 | 18:00 | 
| 10 | Барселона (Шпанија) | 09:00 | – | 
 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				 
				Избери кабина на сместување
Избери датум на патување
Само за наши членови – попусти, новости и скриени понуди!