Групно крстарење со Norwegian Sky
по Карибски острови: Курасао, Аруба и Бонаир – без визи
Термин: 14.03.2026-24.03.2026
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Пакет аранжман: Авионски билети I 2 ноќевања во хотел во Bavaro -ALL Inclusive I 1 ноќевања во хотел во La Romana –Со Појадок I 7 ноќевања на бродот Norwegian Sky I Прошетки на секој порт I Претставник
Рута на бродот: Ла Романа I Оранјештад, Аруба I Вилемштад, Курасао I Кралендијк, Бонаир I Кастри , Сеинт Луција I Басетер , Свети Китс и Невис I Роудтаун, Тортола I Ла Романа
Едно патување – илјадници моменти што ќе ги паметиш вечно!
Подготви се за уникатна авантура што комбинира луксуз, егзотика и совршена организација. Со Norwegian Sky, еден од најпрестижните бродови на Norwegian Cruise Line, ќе отпловиш на патување низ некои од најубавите острови на Карибите – каде секој ден те пречекува нова дестинација, а секоја вечер завршува со забава и стил на твојот пловечки хотел.
Norwegian Sky нуди врвно доживување на море:
луксузни кабини, гурманска храна, спектакуларни забави, панорамски палуби, базени, спа, барови и активности за сите вкусови. А најубавото? Патуваш без пакување и распакување – хотелот патува со тебе!
️ Рутата на крузот е внимателно избрана за да ги опфати најубавите, но и најретко достапни карипски дестинации, како Аруба, Курасао, Бонаир, Сент Луција, Свети Китс и други – секоја од нив нуди природни убавини, култура и незаборавни искуства.
Со вклучени авионски билети, престој во хотели 4/5**, трансфери, прошетки и претставник, оваа програма е идеална комбинација за сите што сакаат да патуваат со стил, без стрес и со сеопфатна услуга од почеток до крај.
Патувајте паметно. Патувајте луксузно. Патувајте со стил.
Избери го најдоброто од Карибите – избери Norwegian Sky по цена од
ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ |
|
1 ден |
Скопје-Солун-Пунта Кана Состанок на групата пред ВИП хотел Скопје во договорено време и следува трансфер доаеродромот во Солун .Поврзувачки лет од Солун до Пунта Кана о . Пристигнување и трансфер до хотелот во Ла Романа . Пријавете се и започнете го вашиот зимски одмор меѓу палми, белиот песок и мирисот на морето. Ноќевање. |
2 ден |
Пунта Кана Овој ден е предвиден за уживање на прекрасната плажа Баваро . |
3 ден |
Пунта Кана По појадокот се одјавуваме од хотелот (околу 11ч) и следува трансфер до пристаништето Ла Романа, каде што ќе се пријавуваме и ќе се сместиме на бродот. Отпловувањето на бродот е во 17:30 часот. |
4 ден |
Оранјештад, Аруба Аруба е мал, безбеден и пријателски карипски остров, познат по белите песочни плажи, тиркизно море и шарена колонијална архитектура. Главниот град Оранјештад е шармантен и лесен за пешачење, со богата мешавина на холандско-карипска култура, улична уметност, историја и модерни продавници. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат кратка авантура на копно, препорачуваме бесплатна самостојна пешачка тура – градот е компактен и безбеден за истражување на сопствено темпо: Само 10-15 минути со такси или локален автобус од пристаништето се наоѓа познатата плажа Eagle Beach – една од најубавите плажи во Карибите, со мек бел песок и тиркизна вода – идеална за релаксација, капење и фотографии. Транспорт до Eagle Beach:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
Археолошки музеј на Аруба – уникатен поглед во домородната и колонијална историја на островот.
Wilhelmina Park – уреден крајбрежен парк со тропски растенија и статуа на кралицата Вилхелмина.
|
5 ден |
Вилемштад, Курасао Вилемштад е главниот град на Курасао, мирен и шармантен град, познат по својата живописна холандска колонијална архитектура и мирната атмосфера. Иако англискиот е официјален јазик, на улиците, пазарите и кафулињата се зборува пред сè креолски – местен јазик што додава уникатен локален шмек. Градот е дом на бројни продавници за рум, галерии и музеји, и е совршен за кратки прошетки и разгледување. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 10-15 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до плажата Parasasa Beach или популарната Mambo Beach – совршени за уживање во сонцето и релаксација. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време): Музеј на Курасао (Kura Hulanda Museum) – музеј посветен на историјата на робството и африканското наследство на островот.
Рум фабрики (Chobolobo Rum Distillery) – обиколка на фабрика за производство на познатиот рум на островот и дегустација. Плажата Mambo Beach – популарна плажа со ресторани, барови и водни активности.
|
6 ден |
Кралендијк, Бонаир Кралендијк е главниот град на Бонаир, спокоен и пријатен островски град, познат по својата природна убавина и подводниот свет. Бонаир е популарен за љубителите на нуркање и природа, со кристално чисто море и корални гребени. Градот е мал и лесен за истражување пеш, со неколку историски згради, продавници и ресторани. На улиците ќе слушнете главно холандски, но англискиот и испанскиот се исто така често користени јазици. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 10-15 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до плажата Bachelor’s Beach – мала, мирна плажа идеална за одмор и нуркање. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
Розова плажа (Pink Beach) – плажа со специфичен розов песок, идеална за фотографии и одмор.
Природен резерват на Корални гребени – разгледување на природата и коралните гребени, кои се дом на бројни морски видови. Национален парк Washington Slagbaai – природен парк со пешачки патеки и можност за разгледување на животински свет и растителност.
|
7 ден |
Кастри , Сеинт Луција Кастри е главниот град на Сеинт Луција, сместен на западниот брег на островот, со прекрасен поглед на Карипското Море и планините. Градот е познат по својата жива култура, колонијалната архитектура и егзотичните пазари. Секаде околу вас ќе се сретнете со боја и живот – од локалните кафулиња до традиционалните продавници. На улиците и пазарите се чуе англискиот и креолскиот јазик, кој ја дава уникатната атмосфера на оваа карипска дестинација. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 15-20 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до плажата La Toc Beach – мирна плажа за релаксација и сончање. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
Плажата Reduit – една од најубавите и најпопуларните плажи на Сент Луција, со мек песок и кристално чиста вода. Ботанички градини (Diamond Botanical Gardens) – градини со вулкански топли извори и прекрасни водопади.
|
8 ден |
Басетер , Свети Китс и Невис Басетер е главниот град на островот Свети Китс, кој се наоѓа на североисточниот брег на островот, и е богат со историја и култура. Градот има неколку историски згради, живописни улици и пазарни простори. Ќе се почувствувате како да сте се вратиле во минатото, со прекрасните колонијални куќи, зелени паркови и жива атмосфера. Бидејќи Свети Китс и Невис се сместени во Карибите, оваа дестинација е позната по своите природни убавини, плажи и лесно достапни туристички атракции. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 15-20 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до популарната плажа South Friars Bay – идеална за релаксација и пливање. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
|
9 ден |
Роудтаун, остров Тортола- Британски Острови Роудтаун е главниот град на остров Тортола, најголемиот и најпознат остров од Британските Девствени Острови. Овој град има уникатен шмек, со големи пристаништа за бродови, пазарни улици и историски згради. Роудтаун е познат по својата пријателска атмосфера, со локални продавници, ресторани и кафеа каде ќе се почувствувате како дома. Градот нуди совршени услови за кратки прошетки, шопинг и уживање во местната култура. Денеска ќе имате можност да се одморите, да се забавувате и да го запознаете бродот. За оние што сакаат да го истражуваат градот пеш, препорачуваме кратка самостојна пешачка тура: Само 10-15 минути пешачење од пристаништето ќе ве одведе до популарната плажа Cane Garden Bay – плажа со чисто море, погодно за сончање и опуштање. Транспорт до плажите:
Дополнителни атракции (ако имате повеќе време):
|
10 ден |
Ла Романа Денес се враќаме во Доминиканската Република и ги ослободуваме кабините .Бродот ќе пристигне во Ла Романа во 07:00 часот, каде има трансфер до хотелот, а препорачани атракции вклучуваат плажата Bayahibe, Saona Island (цена на екскурзија околу 70-100 USD) и Алтос де Чавон (влезница околу 10-15 USD). |
11 ден |
Ла Романа-Пунта Кана Појадок.Следува трансфер и трансфер до аеродром за лет за Скопје во 19:10ч. |
12 ден |
Солун-Скопје Слетување на аеродромот во Скопје во 15:50 часот.Следува трансфер до Скопје . |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
✔Авионски билет Солун-Пунта Кана-Солун со трансфер, вклучувајќи аеродромски такси и чекиран багаж 23 кг
✔Трансфери аеродром – хотел – аеродром и хотел – пристаниште – хотел
✔Трансфери Скопје-аеродром Солун-Скопје
✔2 ноќевања во хотел со 5* на ALL Inclusive
✔1 ноќевања во хотел со 4/5* со појадок
✔7 ноќевања на бродот Norwegian Sky со оброци на база полн пансион
✔Претставник за време на патувањето
✔Пешачки прошетки со претставникот на секоја локација
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
✔ СПА процедури, фризерски салон; фотографски услуги; медицински услуги; перење и пеглање; казино; услуга во соба.
✔ Храна во специјализирани ресторани.
✔ Доплата за SOFT ALL Inclusivе пијалоци од лице
✔ Дополнителни екскурзии
✔ Бакшиж за персоналот на бродот (задочжителен и се плаќа на брод по 20 УСД од ден од лице )
✔ Порт влезница – 45 долари по лице во Доменикана ;.
✔Трошоци од лична природа
✔Локална туристичка такса (доколку постои на лице место 1-5усд од ден од лице )
✔Патничко осигурување
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
Услови за резервација:
✔ Депозит 1 – 50€/3100мкд од лице при резервација до 15.09.2025
✔ Депозит 2 – доплата до 30% до 01.11.2025.
✔ Целосна уплата 35 дена пред патување .
|
Пристаниште |
Пристигнување |
Поаѓање |
16.03 |
Ла Романа Доминиканска република |
– |
17:30 |
17.03 |
Оранјештад, Аруба |
13:30 |
22:30 |
18.03 |
Вилемштад, Курасао |
08:00 |
17:00 |
19.03 |
Кралендијк, Бонаир |
06:00 |
13:00 |
20.03 |
Кастри , Сеинт Луција |
14:00 |
20:00 |
21.03 |
Басетер , Свети Китс и Невис |
09:00 |
18:00 |
22.03 |
Роудтаун, остров Тортола- Британски Острови |
07:00 |
14:50 |
23.03 |
Ла Романа Доминиканска Република |
07:00 |
– |
Избери кабина на сместување
Избери датум на патување
Само за наши членови – попусти, новости и скриени понуди!