Групно крстарење со MSC Fantasia 5*
Западен Медитеран
Термин: 27.04.2027-06.05.2027
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Запловете со нас кон најубавите бисери на Медитеранот и доживејте незаборавно патување низ Барселона, Ибица, Сардинија, Рим, Ливорно и Кан. Уживајте во удобноста на вашиот хотел со 5★ кој патува заедно со вас, додека секој ден ве носи во нова дестинација исполнета со историја, култура и медитерански шарм по цена од 1499€
| ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ | |
| 27.04.2027 | Скопје-Барселона
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е 3 часа пред полетувањето, односно во 16:00 часот, поради навремено пријавување за летот, предавање на багажот и завршување на аеродромските формалности. Полетување за Барселона во 19:00 часот, со пристигнување во 21:50 часот. По пристигнувањето и завршувањето на пасошките и багажните формалности, следува организиран трансфер до хотел 3★, сместен во централното подрачје на Барселона. Сместување во хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. Услуга: Ноќевање со појадок.
|
| 28.04.2027 | Барселона
Нашата прошетка започнува од срцето на градот – Ла Рамбла (La Rambla), најпознатата пешачка улица во Барселона, каде ќе ја почувствуваме вистинската атмосфера на градот. Ќе поминеме покрај Пазарот Ла Бокерија (Mercat de la Boqueria), еден од најпознатите пазари во Европа, а потоа продолжуваме кон Готската населба (Barri Gòtic) – историскиот дел на градот со тесни улички, старински плоштади и прекрасна архитектура. Пешачењето продолжува кон Плоштад Каталуња (Plaça de Catalunya) и елегантната улица Passeig de Gràcia, каде ќе ги видиме познатите архитектонски дела на Антони Гауди – Casa Batlló и Casa Milà (La Pedrera). Од тука продолжуваме кон најпознатата градба во Барселона – Саграда Фамилија (Sagrada Família), величественото дело на Гауди и симбол на градот. Пристигнување кај Саграда Фамилија околу 13:00–13:30 часот. Слободно време за фотографии, индивидуално разгледување и пауза за ручек во прекрасната околина на базиликата. Предлог за ручек: во близина се наоѓа Plaça de Gaudí, мало и пријатно паркче со прекрасен поглед кон Саграда Фамилија – идеално место за кафе, одмор или лесен ручек во околните ресторани и тапас барови. Околу 14:45 часот, по желба и со доплата, можност за организирана посета на Парк Гуел (Park Güell) – уште едно ремек-дело на Гауди, познато по уникатната архитектура, шарените мозаици и прекрасните погледи кон Барселона. По посетата на Парк Гуел, враќање и слободно време. Услуга: Ноќевање со појадок.
|
| 29.04.2027 | Барселона – качување на MSC Fantasia
По појадокот во хотелот, слободно време за индивидуални активности и последни моменти за уживање во Барселона. Во 13:00 часот следува организиран трансфер од хотелот до пристаништето во Барселона. По пристигнувањето на терминалот, следува пријавување за крстарењето, предавање на багажот и качување на бродот MSC Fantasia. По сместувањето во избраните кабини, време за одмор и запознавање со бродот и неговите содржини. Вечерата и останатите оброци се на бродот според програмата за крстарење. Уживајте во рестораните, баровите, базените и богатата понуда на активности што ги нуди MSC Fantasia. ⛴️ Испловување од Барселона: 21:00 часот Со испловувањето на MSC Fantasia започнува нашето медитеранско крстарење исполнето со нови дестинации, прекрасни глетки и незаборавни искуства. Услуга: Полен пансион на бродот (појадок, ручек и вечера).
|
| 30.04.2027 | Ибица (Балеарски Острови), Шпанија
Пристигнување: 12:30 часот По пристигнувањето на островот Ибица, започнуваме со организирана пешачка прошетка низ главниот град Ибица Таун (Eivissa) – едно од најубавите места на Балеарските Острови, познато по својата историја, шармантните улички и медитеранската атмосфера. Пешачка прошетка низ Ибица Таун (околу 4 часа) Нашата прошетка започнува од пристанишниот дел, од каде се упатуваме кон старата градска населба Dalt Vila, историското срце на Ибица и дел од светското наследство на UNESCO. Ќе ги истражиме старите камени улички, градските ѕидини и најубавите видиковци со поглед кон пристаништето и морето. Во продолжение ќе ги посетиме:
По завршување на прошетката, околу 19:00 часот, враќање кон бродот за вечера и одмор. Можност за уживање во вечерната атмосфера на MSC Fantasia, коктел во некој од баровите на бродот или релаксација пред продолжување на крстарењето. ⛴️ Испловување од Ибица: 23:30 часот Со вечерното испловување продолжува нашето медитеранско патување кон следната дестинација. Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.
|
| 01.05.2027 | Ден на море
Ден посветен на уживање и релаксација на бродот MSC Fantasia. Појадок, ручек и вечера на бродот, со можност слободно да ги користите сите содржини што ги нуди крстаречкиот брод. Уживајте во базените, сончевите палуби, баровите, рестораните, фитнес центарот, SPA зоната или едноставно опуштете се со поглед кон бескрајното море. Во текот на денот, на бродот има организирана програма со различни активности, забава, музика во живо и вечерни шоуа. Совршен ден за одмор, дружење со групата и уживање во атмосферата на едно вистинско крстарење. Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.
|
| 02.05.2027 | Каљари, Сардинија (Италија)
Пристигнување: 08:00 часот По појадокот на бродот, започнуваме со разгледување на Каљари, главниот град на островот Сардинија, познат по својата богата историја, медитеранскиот шарм и прекрасните панорамски погледи. Пешачка прошетка низ Каљари (околу 3,5 часа) Од пристаништето се упатуваме кон историскиот дел на градот – Castello, најстарата населба во Каљари, сместена на ридот над градот. Во текот на прошетката ќе ги посетиме:
По прошетката, слободно време за кафе, краток одмор или индивидуално уживање во атмосферата на градот. Враќање на бродот пред испловување. ⛴️ Испловување од Каљари: 17:00 часот Продолжуваме со нашето медитеранско крстарење кон следната дестинација. Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.
|
| 03.05.2027 | Чивитавекија (Рим), Италија
Пристигнување: 08:00 часот По појадокот на бродот, пристигнуваме во Чивитавекија, пристанишниот град кој е главна влезна точка за посета на вечниот град – Рим. Пешачка прошетка низ Чивитавекија (околу 2,5 часа) За гостите кои сакаат полесен ден, предлагаме прошетка низ ова шармантно приморско градче. Ќе ја почувствуваме локалната атмосфера, ќе прошетаме покрај крајбрежјето и ќе ги видиме најзначајните места во градот:
За гостите кои сакаат да го посетат најпознатиот град во Италија, по желба и со доплата, организирана факултативна екскурзија до Рим (околу 6–7 часа). Во рамки на екскурзијата можност за посета на најпознатите знаменитости на Рим:
По завршување на разгледувањето, враќање кон Чивитавекија и качување на бродот пред испловување. ⛴️ Испловување од Чивитавекија: 19:00 часот Продолжуваме со нашето крстарење низ Медитеранот кон следната дестинација. Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.
|
| 04.05.2027 | Ливорно (Фиренца / Пиза), Италија
Пристигнување: 08:00 часот По појадокот на бродот, пристигнуваме во Ливорно, пристанишниот град во Тоскана и идеална почетна точка за откривање на едни од најубавите италијански градови. Опција 1: Пешачка прошетка низ Ливорно (околу 3 часа) За гостите кои сакаат полесно и порелаксирано утро, предлагаме прошетка низ Ливорно, град познат по своите канали, медитеранска атмосфера и приморски шарм. Ќе ги посетиме:
Опција 2: Факултативна екскурзија со доплата – Фиренца (околу 5–6 часа) За оние кои сакаат да го откријат срцето на Тоскана, предлагаме организирана посета на Фиренца, еден од најубавите градови во Италија и колевка на ренесансата. Во рамки на екскурзијата ќе ги видиме:
Слободно време за фотографии, кафе и уживање во атмосферата на градот. По завршување на разгледувањето, враќање во Ливорно и качување на бродот пред испловување. ⛴️ Испловување од Ливорно: 18:00 часот Продолжуваме со нашето медитеранско крстарење кон следната дестинација. Услуга: Полна пансионска услуга на бродот.
|
| 05.05.2027 | Кан (Азурен Брег), Франција
Пристигнување: 07:00 часот По појадокот на бродот, пристигнуваме во Кан, еден од најпознатите и најелегантни градови на францускиот Азурен Брег, познат по филмскиот фестивал, луксузните хотели, прекрасните плажи и неповторливата медитеранска атмосфера. Опција 1: Пешачка прошетка низ Кан (околу 3 часа) За гостите кои сакаат да го запознаат градот пеш, предлагаме прошетка низ најубавите и најпознати делови на Кан. Ќе ги посетиме:
По прошетката, слободно време за кафе, индивидуално разгледување или уживање покрај морето. Опција 2: Факултативна полудневна екскурзија со доплата – Монако и Монте Карло (околу 4–5 часа) За гостите кои сакаат дополнително да го откријат еден од најпрестижните делови на Азурниот Брег, постои можност за организирана полудневна екскурзија до Монако и Монте Карло. Во рамки на екскурзијата ќе ги посетиме:
Екскурзијата е со доплата, а точната цена и деталите ќе бидат објавени дополнително. По завршување на избраната активност, враќање во Кан и качување на бродот пред испловување. ⛴️ Испловување од Кан: 17:00 часот Продолжуваме со нашето медитеранско крстарење кон Барселона. Услуга: Полна пансионска услуга на бродот
|
| 06.05.2027 | Барселона – Скопје
По појадокот на бродот, следува напуштање на кабините и подготовка за искрцување од MSC Fantasia. По завршување на процедурата за симнување од бродот, околу 11:00–12:00 часот, следува организиран трансфер до аеродромот во Барселона. До вечерниот лет, гостите ќе имаат слободно време. По пристигнувањето на аеродромот, можност за оставање на багажот во сервис за чување куфери и слободно користење на времето пред летот. Предлог за слободно време пред летот: Gran Via 2 Shopping Centre (околу 10–15 минути со такси од аеродромот) – голем и модерен трговски центар во близина на аеродромот, со бројни продавници, кафулиња и ресторани. Одлична опција за краток одмор, кафе, шопинг или релаксација пред вечерниот лет. Потоа навремено враќање на аеродромот за летот. Полетување за Скопје во 22:35 часот. Пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 01:20 часот (+1 ден). Со пристигнувањето завршува нашето незаборавно групно крстарење со MSC Fantasia низ најубавите дестинации на Медитеранот.
|
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Повратен авионски билет на релација Скопје-Барселона/Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж и е со 1 преместување)
• Сите трансфери аеродром – пристаниште – хотел – аеродром
• На секој порт имате прошетки
• Ноќевање со појадок во хотел со 3* во Рим
• Туристички претставник на наш јазик за време на целото патување и крстарење
• ✅ Што е вклучено во основната цена на крстарењето со Sun Princess
Сместување:
Princess Standard Fare & MedallionClass® искуство:
Ресторани и оброци:
Забава и активности:
Фитнес & Рекреација:
Семејни и детски програми:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
• Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
• Трошоци за издавање виза (доколку е потребно)
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
• Цените се изразени во странска валута (ЕУР), а плаќањето се врши во денарска противвредност по курс од 62,00 мкд.
•При пријавување и склучување договор за патување потребно е да се уплатат 30% од вкупната вредност на аранжманот, а остатокот најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето може да се врши со готовина, уплата на сметка на агенцијата.За плаќања од странство даваме инструкции за плаќање.
УСЛОВИ ОТКАЖУВАЊЕ:
БЕЛЕШКИ:
• Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на Princess Cruises.
• Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други промени поради непредвидени меѓународни околности прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
• КОУЗОН ТРАВЕЛ не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграција
одделот на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.
• За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.
• Туристичка агенција КОУЗОН ТРАВЕЛ работи во согласност со правилата и прописите на Европската Унија и компанијата Costa Cruises. Обврска на агенцијата и на патниците е да ги почитуваат сите валидни и потенцијални нови услови за патување . Туристичката агенција ќе ги информира патниците за актуелната регулатива, како и за сите измени обезбедени од Princess Cruises доколку ги има.
• Задолжителна е полиса за патничко здравствено осигурување што покрива Ковид-19
| Ден | Пристаниште | Пристигнување | Поаѓање |
| 29.04.2027 | Барселона (Шпанија) | – | 21:00 |
| 30.04.2027 | Ибица (Балеарски Острови), Шпанија | 12:30 | 23:30 |
| 01.05.2027 | Ден на море | – | – |
| 02.05.2027 | Каљари, Сардинија (Италија) | 08:00 | 08:00 |
| 03.05.2027 | Чивитавекија (Рим), Италија | 08:00 | 19:00 |
| 04.05.2027 | Ливорно (Фиренца/Пиза), Италија | 08:00 | 18:00 |
| 05.05.2027 | Кан (Азурен Брег), Франција | 07:00 | 17:00 |
| 06.05.2027 | Барселона (Шпанија) | 09:00 | – |
Избери кабина на сместување
Избери датум на патување
Само за наши членови – попусти, новости и скриени понуди!