Групно крстарење со MS Zuiderdam по Норвешките фјордови

Внатрешна кабина
2280€
Кабина со прозор
2450€
Балконска кабина
2783€

Групно крстарење со МS Zuiderdam

Норвешките фјордови од Скопје

Термин: 30.04.2027-08.05.2027

• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •

image

Пакет аранжман: Авионски билети I 7 ноќевања на MS Zuiderdam со полн пансион I 1 ноќевање – хотел во Амстердам I Прошетка на сите портови I Пратител од агенција со пријавени 14 лица I трансфери I Пристанишни даноци

Започнете го патувањето во прекрасниот Amsterdam, а потоа продолжете кон спектакуларниот норвешки брег со MS Zuiderdam, елегантен Vista Class брод на Holland America Line.
Zuiderdam е средно голем, просторно дизајниран и елегантен брод, создаден за удобно уживање во самото патување. Неговата големина е особено погодна за пловење низ теснеци, канали и живописни фјордови, додека на бродот има доволно простор за релаксација, гастрономија, забава и уживање во панорамските погледи.
Атмосферата на бродот е мирна, префинета и комфорна, со акцент на квалитетна услуга, удобни кабини, добра гастрономија и содржини кои овозможуваат патувањето да биде дел од доживувањето, а не само превоз меѓу дестинациите.
Но вистинската убавина на ова патување започнува кога Zuiderdam ќе навлезе во норвешките фјордови.
Пред вас се отвораат спектакуларни пејзажи – стрмни планини, водопади, зелени долини, мали норвешки населби и мирни води, кои најубаво се доживуваат токму од палубата на бродот.
Ова е крстарење во кое и бродот и природата се дел од едно големо доживување – со време да се гледа, ужива и навистина да се доживее Норвешка.

                             ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ
30.04.2027 Скопје – Виена – Амстердам

Рано утринско поаѓање од Скопје со летот OS 0764 во 04:25 часот до Виена. По краткото

преседнување, продолжување со летот OS 0311 во 07:10 часот и пристигнување во Амстердам во 09:05 часот.

По пристигнувањето, групата ќе биде пречекана од претставникот на KOUZON Travel и со организиран трансфер ќе се упатиме кон хотелот.

По пристигнувањето во хотелот ќе ги оставиме куферите и ќе имаме време за одмор и освежување. Check-in е по 14:00 часот.

Периодот до почетокот на разгледот е слободен за ручек и одмор. Секој може да избере дали сака да руча во близина на хотелот или да помине малку време во сопствена организација.

Во 16:00 часот започнуваме со организирана пешачка прошетка низ Амстердам.

Ќе го запознаеме историскиот центар на градот и ќе прошетаме покрај познатите канали и

карактеристичните тесни градски куќи. Ќе поминеме низ Dam Square, покрај Кралската палата и

Nieuwe Kerk, а потоа ќе продолжиме кон Begijnhof, Spui и познатите Nine Streets.

 

Прошетката ќе продолжи кон Jordaan, една од најубавите населби во Амстердам, позната по

своите канали, мостови, мали продавници и традиционални куќи. По пат ќе направиме неколку застанувања за фотографии и кратки паузи.

Разгледот ќе биде организиран со умерено темпо, без брзање, со доволно време да се ужива во атмосферата на градот.

Околу 20:00 часот завршуваме со прошетката и се враќаме во хотелот. Вечерта е слободна за одмор или индивидуална вечера.

Ноќевање во Амстердам – хотел 3со појадок.

01.05.202 АМСТЕРДАМ → КРСТАРЕЊЕ

 

Појадок во хотелот и слободно утро за одмор и индивидуална прошетка низ Амстердам.11:00 часот – собирање на групата и организиран трансфер до пристаништето.По пристигнувањето следуваат процедурите за качување на бродот: предавање на големиот багаж, check-in, безбедносна контрола и качување на MS Zuiderdam. Патниците треба да ги имаат при рака

пасошот, патните документи и boarding pass.

 

По качувањето следува ручек на бродот, а потоа сместување во кабините и распоредување на багажот.

 

Во попладневните часови ќе направиме краток разглед на бродот, при што ќе ги запознаеме главните ресторани, барови, базенот, јавните простории, местата за забава и најважните содржини на бродот.Пред испловувањето е задолжителна безбедносната вежба (Muster Drill),

при која секој патник ќе биде запознаен со својата безбедносна точка и процедурите во случај на итност.16:00 часот – испловување од Амстердам и официјален почеток на крстарењето кон

норвешките фјордови.Попладнето е слободно за одмор и уживање во содржините на бродот.Во вечерните часови следува вечера, а потоа слободно време за вечерната програма, музика, настапи или одмор.

 

Ноќевање.

02.05.2027 На отворено море

Појадок на бродот и слободен ден за одмор и уживање во крстарењето. По активниот прв ден, ова е идеална можност групата да се опушти и да го запознае бродот без брзање.

Во текот на денот ќе можеме да уживаме во панорамските погледи кон Северното Море, а постепено ќе се приближуваме кон норвешкиот брег. Од палубите може да се забележат морскиот хоризонт, островите и норвешкиот брег, зависно од условите на пловење.

Денот е слободен за користење на содржините на MS Zuiderdam – базен, палуби за сончање, фитнес, библиотека, кафе-барови и останатите јавни простори. Во текот на денот има организирани активности на бродот, како квизови, музика, предавања и други забавни програми. За оние кои сакаат, ова е одличен ден за мирно кафе на палуба, читање книга или едноставно уживање во погледот и атмосферата на крстарењето.

Во текот на денот се вклучени појадок, ручек и вечера, како и дневната и вечерната програма на бродот.

Попладне ќе направиме краток состанок со групата и ќе дадеме информации за следниот ден и престојот во Eidfjord.

Ноќевање

 

03.05.2027 Еидфјорд (Eidfjord) и пловење низ Hardangerfjord

08:00 часот – пристигнување во Eidfjord, мало норвешко место сместено во прекрасниот Hardangerfjord, опкружено со стрмни планини, водопади и зелени долини.

По појадокот на бродот, се собираме со групата и започнуваме со организирана пешачка прошетка од пристаништето, во траење од околу 4 часа, со умерено темпо и паузи.

Ќе прошетаме покрај фјордот и низ центарот на Eidfjord, ќе ги видиме традиционалните норвешки куќи, локалната црква, пристаништето и најубавите места за фотографии со поглед кон планините и фјордот. Ќе има време и за кафе, мала ужина и разгледување на локалните продавници.

По прошетката се враќаме на бродот и продолжуваме со крстарењето. 16:00 часот – MS Zuiderdam го напушта Eidfjord.

По испловувањето следува едно од најубавите искуства на ова крстарење – пловење низ Hardangerfjord. Од палубите ќе можеме да ги набљудуваме стрмните планински падини, зелените долини, водопадите и малите населби распоредени покрај фјордот.

Попладнето е слободно за одмор и уживање во панорамските погледи од бродот. Вечера и вечерна програма на бродот.

Ноќевање

04.05.2027 Alesund, Norway

10:00 часот – пристигнување во Ålesund, еден од најпрепознатливите градови на норвешкиот брег.По пристигнувањето во Ålesund, започнуваме со организирана пешачка тура (≈3 часа) директно од пристаништето. Овој град е познат по својата уникатна Art Nouveau архитектура, изградена повторно по големиот пожар во 1904 година. Преку уредени улички и канали ќе прошетаме до Molja Lighthouse, каде што ќе уживаме во панорамски погледи и фотографирање.

Прошетката продолжува низ историскиот центар и Kongens Gate, позната по локални продавници, стакларии и сувенирници. Потоа се упатуваме кон познатиот Aksla Viewpoint – каде по лесно пешачење или со градски мини-воз (опционално) ќе стигнеме до панорамска точка од која се гледа целиот град, островите и фјордот.

По разгледот, следува слободно време за кафе или ужина, по што групата се враќа назад кон пристаништето и бродот.

Турата е умерено лесна и прилагодена за повеќето патници; препорачливо е да се носат удобни чевли и лесна јакна.

21:00 часот – MS Zuiderdam испловува од Ålesund.

Вечера и слободна вечер на бродот со можност за уживање во вечерната програма. Ноќевање

05.05.2027 Nordfjordeid (Нордфјордеид),

08:00 часот – пристигнување во Nordfjordeid, живописно место на брегот на Nordfjord, опкружено со планини и прекрасна норвешка природа.

По појадокот на бродот, се собираме со групата и започнуваме со организирана прошетка од пристаништето, во траење од околу 4 часа.

Ќе прошетаме низ центарот на Nordfjordeid и покрај фјордот, со можност да ги видиме традиционалните норвешки куќи, локалната црква и карактеристичната архитектура на малото место.

Потоа ќе продолжиме кон Sagastad Viking Center, каде ќе се запознаеме со богатото викиншко

наследство на регионот и ќе го видиме реконструираниот Myklebust Viking Ship, еден од

 

 

06.05.2027               Санднес (Sandnes)

10:00 часот – пристигнување во Sandnes, град сместен покрај Gandsfjorden, во близина на

Stavanger.

По појадокот на бродот, се собираме со групата и започнуваме со организирана пешачка прошетка од пристаништето, во траење од околу 4 часа.

Прошетката започнува покрај Vågen, крајбрежната зона на Sandnes, од каде се отвора убав поглед кон фјордот. Потоа продолжуваме низ центарот на градот, пешачките улици и плоштадите, каде може да се почувствува секојдневната атмосфера на овој норвешки град.

Ќе поминеме покрај Sandnes Church, ќе ги разгледаме карактеристичните градски згради и ќе продолжиме кон Langgata, главната пешачка и трговска улица со продавници, кафулиња и локални дуќани.

Ќе направиме пауза за кафе или лесна ужина, а потоа ќе има малку слободно време за индивидуално разгледување и фотографии.

Во попладневните часови се враќаме кон пристаништето. 19:00 часот – MS Zuiderdam испловува од Sandnes.

Следува последната вечер на бродот, со вечера и можност за уживање во вечерната програма. Ова е и убав момент за последно уживање во погледите кон норвешкиот брег и за заедничка вечера со групата.

Ноќевање

 

 

07:00 часот MS Zuiderdam пристигнува во Амстердам.

По појадокот на бродот следуваат последните процедури за напуштање на бродот. По истоварувањето на багажот и излегувањето од терминалот, очекуваме да бидеме слободни околу 10:00–11:00 часот.

Со организиран трансфер се упатуваме директно кон Amsterdam Schiphol Airport, каде ќе го оставиме големиот багаж во официјалниот baggage storage. На Schiphol постои посебна услуга за чување на голем багаж на Arrivals, што овозможува слободно движење без куфери.

Потоа имаме неколку часа за опуштен завршеток на патувањето.

Ќе имаме време за ручек, кафе и шопинг во Schiphol Plaza, каде има голем избор на продавници, сувенири, холандски производи, чоколади, сирења и други подароци.

За оние кои сакаат да купат нешто специфично од Холандија, Schiphol има и продавници со типични холандски производи, како сувенири, сируп вафли и сирење.

Овој дел од денот е намерно оставен слободен и без дополнителна организирана тура, за после крстарењето групата да има време да се одмори, да руча и да направи последен shopping без брзање.

Околу 15:00 часот повторно се собираме со групата, го преземаме багажот и продолжуваме со

check-in процедурите за летот.

17:40 часот – OS 0316 Амстердам → Виена 19:30 часот – пристигнување во Виена.

22:45 часот – OS 0763 Виена → Скопје

00:15 часот, 09.05.2027 – пристигнување во Скопје.

Со ова завршува нашето патување низ норвешките фјордови со MS Zuiderdam.

  • ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    • Повратен авионски билет на релација Скопје-Амстердам-Скопје со вклучени аеродромски такси (дозволена тежина на багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж и е со 1 преместување)
    • Сите трансфери аеродром – пристаниште – хотел – аеродром
    • Прошетка на секој порт од 3 часа
    • 1 Ноќевање со појадок во хотел со 3* во Амстердам пред крстарење.
    • Туристички претставник на наш јазик за време на целото патување и крстарење

     

    • 7-дневно крстарење со MS Zuiderdam (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), полн пансион со различни јадења, вода , кафе, чај, закуски, гала вечера, тематски вечери , базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар, разни дневни активности, услуга за утовар и истовар на личен багаж
    • Пристанишни такси
    • Бакшиш за персоналот

     

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Индивидуални трошоци
    • Факултативни екскурзии
    • Шатл-бус трансфер на дестинациите каде бродот е укотвен подалеку од центарот, кога е достапен, за полесно пристигнување до почетната точка на организираната пешачка прошетка
    • Пијалоци на бродот, освен оние што се вклучени во редовната услуга за време на оброците
    • Алкохолни и други пијалоци нарачани во барови и ресторани на бродот
    • Интернет, телефон, перење, спа, wellness, фризерски и козметички услуги, казино и други лични услуги со дополнителна наплата.
    • Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
    • Трошоци за издавање виза (доколку е потребно) Потребни документи:
      • меѓународен пасош со минимална важност од 6 месеци по датумот на враќање.
      • за деца под 18 години кои патуваат со или без родител, заверени на нотар од едниот или двата родители.
      • Во случај Корисникот доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на негова сметка.

     

     

    УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

       При потврда на резервацијата:

    • Уплата на депозит од 100 € по лице за потврда на резервацијата.

       Распоред на дополнителни уплати:

    • До 09.2026 – потребно е да биде уплатено вкупно 30% од цената на аранжманот по лице – Early Booking.
    • До 11.2026 – потребно е да биде уплатено вкупно 50% од цената на аранжманот по лице.
    • До 01.2027 – потребно е да биде уплатено вкупно 100% од цената на аранжманот по лице (финална уплата, 90 дена пред поаѓање).

    УСЛОВИ ОТКАЖУВАЊЕ:

    • Повеќе од 90 дена пред поаѓање – се задржува/се губи депозитот од 100 € по лице.
    • 89 до 60 дена пред поаѓање – 30% од вкупната цена на аранжманот.
    • 59 до 30 дена пред поаѓање – 50% од вкупната цена на аранжманот.
    • 29 и помалку дена пред поаѓање – 100% од вкупната цена на аранжманот.

     

    БЕЛЕШКИ:

    • Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на Holland America

     

    • Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други промени поради непредвидени меѓународни околности прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
    • КОУЗОН ТРАВЕЛ не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграција одделот на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.
    • За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.

     

    • Туристичка агенција КОУЗОН ТРАВЕЛ работи во согласност со правилата и прописите на Европската Унија и компанијата Holland America LineОбврска на агенцијата и на патниците е да ги почитуваат сите валидни и потенцијални нови услови за патување . Туристичката агенција ќе ги информира патниците за актуелната регулатива, како и за сите измени обезбедени од Holland America Line.доколку ги има.
    • Задолжителна е полиса за патничко здравствено осигурување што покрива Ковид-19

     

    ETIAS – Европска пред-патничка дозвола:

    • Од крајот на 2026, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и уште 50+ земји (вкл. САД, Канада, Јапонија, Австралија…) ќе им треба ETIAS за влез во Шенген-зоната (29 земји, вкл. Франција, Италија, Шпанија, Германија).
    • ETIAS важи за краткорочен престој до 90 дена, важност 3 години, цена 20 €; аплицирање исклучиво онлајн:

    europa.eu/etias

    • Без ETIAS – нема поаѓање! Патниците без оваа дозвола ќе бидат вратени уште на аеродромот.
    • Важно: Агенцијата не презема одговорност доколку патникот не поседува

     

    Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Ден

Пристаниште

Пристигнување

Поаѓање

1

Хамбург

18:00

2

На отворено море

3

Берген, Норвешка

09:00

20:00

4

Алесунд ,  Норвешка

07:00

17:00

5

Olden / Innvikfjorden / Nordfjord (scenic cruising)

07:00

17:00

6

На отворено море

7

Кил, Германија

09:00

 

Технички информации

  • Број на патници: 2364
  • Број на екипаж: 817
  • Година на лансирање: 2002
  • Корисен волумен: 82305
  • Ширина: 32
  • Должина: 285
  • Брзина: 24kn
  • Знаме: Холандија

ЗА БРОДОТ

  • Флотата на Holland America се состои од 15 бродови кои се одликуваат со нивните холандски имиња и елегантен изглед – црни и многу високи страни, погодни за големи океански премини и бела надградба. На ѕидовите на ходниците има уметнички дела, галијата е импресивна, кабините пространи, атмосферата опуштена и софистицирана. Нема дискотеки и ноќни барови, ниту бучни забави и деца кои трчаат по ходниците. Својствени за овој тип на крстарење компаниите се поумерена и опуштена забава, повоздржана и тивка. Достапна е и тематска забава во зависност од регионот на рутата.


    Холандија Америка нуди добро избрани маршрути до сите континенти и делови од светот. Покрај разновидните маршрути и посетата на интересни дестинации, она што е специфично за компанијата за крстарење е тоа што крајната цена на кабината вклучува разни дополнителни додатоци – кредит во авионот, бесплатен интернет, ваучер за следните патувања итн.

Форма за резервација

Избери кабина на сместување

Избери датум на патување