Групно крстарење со Aroya 5*
Дубаи & Арапски залив
Термин: 27.02.2026 – 07.03.2026.
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
✨ Опуштете се во врвен комфор во Aroya Lounge или покрај прекрасниот Zen базен
️ Шопинг без граници – уникатен спој на локални и интернационални бутици
Погалете го телото и духот – фитнес центар, луксузен спа и третмани за вистинска регенерација
Вечери полни магија – спектакуларни мјузикли, живи изведби и уметнички перформанси кои ќе ве остават без здив
Музички уживања со талентирани уметници од целиот свет
️ Кулинарно патување – од автентични вкусови до ексклузивни гурмански специјалитети
А за најмалите? Специјално организирани активности под надзор – водни паркови, тематски забави и многу смеа!
AROYA – местото каде што соништата пловат!
Патувајте, забавувајте се и создадете спомени кои ќе траат вечно. ✨
ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ |
|
27.02.2026 |
Скопје – Истанбул Состанок на групата 2 часа порано на аеродром Скопје. Полетување за Истанбул со TK1006 во 20:35 ч. Пристигнување во Истанбул во 00:15 часот следниот ден. |
28.02.2026 |
Истанбул – Дубаи Полетување од Истанбул за Дубаи со TK 762 во 01:25 ч. Пристигнување во Дубаи во 06:50 ч . Организиран трансфер од аеродром. Посета на Dubai Mall со слободно време за ручек, шопинг и индивидуални активности. Трансфер од Dubai Mall до пристаништето во Дубаи. Чекирање на брод во дополнително договорено време. Вечера и забава на брод. Ноќевање. |
01.03.2026 |
Ден на море Доживејте незаборавен ден на бродот кој нуди нешто за сите! Уживајте во хранене во 4 ресторани на бродот – појадок, ручек и вечера во Amwaj Buffet, Khuzama Restaurant, Amwaj Terrace и Al Waha Dining. Вклучени се безалкохолни и алкохолни пијалоци, како натурална и газирана вода, кафе и топол чоколадо, газирани пијалоци, свежи сокови (портокал, јаболко, ананас) и чаеви (Англиски појадок, Зелен чај). За забавата, секој ден нуди шоу програми и концерти во театaрот AROYA, мјузикли и театрални спектакли. Спортските и рекреативни активности вклучуваат: ѕид за качување, возачки патеки и зиплајн, тенис, кошарка, фудбал, тркачка патека и миниголф. Водните активности се на главниот базен на палуба 16 со водни тобогани, детска зона Splash Zone и Sky Pool за возрасни на палуба 18, со посебни часови за жени од 9:00 до 13:00. Се обезбедуваат и кршми за базен. Детските зони се поделени по возрасни групи: 2–24 месеци, 3–6 години, 7–12 години и 13–17 години, со специјални активности како работилница на морнар, кулинарска академија, Sailor’s Bridge (симулациски игри) и детска сцена Sailor Stage. Собите се опремени со: вода (4 шишиња), пешкири за раце, лице и бања, приклучоци тип G и C, телевизор со филмови и сите удобности за вистински релаксирачки престој. ✨ AROYA – местото каде што соништата пловат!
|
02.03.2026 |
Мускат (Оман) | Испловување во 19:00 часот Султанат Оман е слабо населена држава во југозападниот дел на Арапскиот Полуостров, каде што пустината зазема најголем дел од територијата. Маскат, што во превод значи „безбедно сидриште“, со нешто повеќе од еден милион жители, е главниот и најголем град на Оман. Маскат е познат по песочните плажи кои се наоѓаат во близина на градот, а задолжителни локации за посета се шареноликиот пазар Mutrah Souq и модерната Џамија на Султан Кабус. Од постарите знаменитости важни се утврдувањата од португалскиот период на владеење, а од поновите – Кралската опера и Националниот музеј. Благодарение на умерената политика што од 1970 година ја води апсолутистичкиот владетел Султан Кабус, Оман е земја на мир.
За лесно истражување на градот пеш, со придружба на претставник од бродот, предлагаме следната рута достапна од пристаништето: започнете со прошетка по Corniche Promenade, крајбрежна патека со прекрасен поглед на заливот. Потоа посетете го Mutrah Souq, традиционален базар со сувенири, накит и локални производи. Продолжете кон Mutrah Fort и Old Town viewpoints за панорамски поглед на градот и заливот, а за зеленило и фото моменти може да се прошетате до Al Riyam Park и споменикот Incense Burner. Враќањето кон пристаништето е по Corniche Promenade.
Целата пешачка рута трае околу 2-3 часа, е достапна за сите возрасти и ќе се реализира со претставникот на бродот кој ќе ги води гостите. |
03.03.2026 |
Кхасаб (Оман) | Испловување во 20:00 часот Кхасаб, сместен на северниот дел од регионот Мусандам, е познат како „Норвешка на Арапскиот Полуостров“ поради своите спектакуларни фјордови, високи планини и кристално чисти води. Овој мал, но живописен град е вистинско место за да ја почувствувате автентичната оманска култура, мирниот рибарски живот и традициите на оваа уникатна земја. По пристигнувањето на бродот во пристаништето, ќе започнеме пешачка тура со претставникот на агенцијата, со времетраење од околу 2,5 – 3 часа, која ќе ви овозможи да ги посетите најважните знаменитости на Кхасаб, движејќи се пеш од точка до точка, без потреба од транспорт. Прошетката започнува со Кхасаб Форт (Khasab Castle) – историско утврдување изградено во 17-тиот век за време на португалската окупација. Денес фортот е музеј кој прикажува експонати од богатата историја на регионот, традиционални куќи и старински чамци. Од кулите на фортот се отвора величествен поглед кон пристаништето и заливот – совршено место за фотографии. Следно продолжуваме по крајбрежната патека – Corniche Walk, каде ќе уживате во релаксирана прошетка со прекрасни погледи на морето, планините и традиционалните омански доу чамци што пловат по заливот. Нашата тура продолжува кон локалниот пазар – Khasab Souq, срцето на градот и вистинско место за запознавање со секојдневниот живот на локалното население. Тука ќе најдете мириси на ориентални зачини, свежи производи, традиционални текстили, сувенири и ракотворби, совршени за спомен или подарок. Потоа ќе направиме кратка прошетка до Џамијата Ал Камзари (Al Kamzari Mosque), каде ќе ја видиме убавата исламска архитектура и ќе дознаеме повеќе за верските обичаи во Оман. Посетата е однадвор, со можност за фотографии. Прошетката ќе продолжи кон Паркот на Кхасаб, зелена и мирна зона во близина на морето, идеална за кратка пауза и фотографии со поглед кон заливот. Од таму ќе се упатиме кон панорамска точка од која се пружа величествен поглед кон градот, пристаништето и фјордовите – идеално место за последни фотографии и уживање во уникатниот пејзаж. На крајот, ќе се вратиме пеш кон пристаништето, со можност за кратка пауза во мала локална кафе-патека за освежување, пред враќањето на бродот. Оваа тура е лесна и погодна за сите возрасти, овозможувајќи ви да го запознаете Кхасаб и неговите знаменитости за кратко време и да доживеете вистинско оманско искуство. ⏰ Испловување на бродот: 20:00 часот (патниците треба да бидат на бродот најдоцна до 19:30 часот).
|
04.03.2026 |
Абу Даби| Испловување во 21:00 часот Абу Даби е главниот град на Обединетите Арапски Емирати и втор по големина град во земјата, со нешто повеќе од еден милион жители. Тој е еден од најбогатите градови на Блискиот Исток, благодарение на големото производство на нафта и забрзаниот развој во последните децении. Името Абу Даби во превод значи „татко на газела“, поради стадата арапски орикси кои некогаш живееле во пустинските области на регионот. Овој модерен град претставува впечатлива комбинација на традиција и современост, каде што раскошни облакодери се издигнуваат покрај историски џамии и зелени оази. За време на престојот во Абу Даби, ќе уживаме во пешачка тура во траење од околу 3 часа, придружувани од претставник на агенцијата, при што ќе ги посетиме најпознатите знаменитости и ќе ја почувствуваме уникатната атмосфера на главниот град на Емиратите. Турата започнува со Големата Џамија на шеик Зајед, која е вистински симбол на Абу Даби и едно од највеличествените верски објекти во светот. Изградена е од бел мермер и украсена со раскошни детали, а нејзиниот огромен двор и внатрешност можат да примат дури 41.000 верници. Тука ќе имате можност да видите величествени лустери и најголемиот рачно изработен тепих во светот. Потоа ќе се упатиме кон Претседателската палата – Qasr Al Watan, импресивна зграда која служи како седиште на владата и место за прием на светски лидери. Иако ќе ја разгледаме однадвор, оваа палата со својата величествена архитектура нуди совршени можности за фотографии. Следува прошетка по Corniche Beach Walk, прекрасна крајбрежна пешачка зона со панорамски поглед кон морето и модерната силуета на Абу Даби. Ова е идеално место за релаксирана прошетка и незаборавни фотографии. Ќе продолжиме кон Лувр Абу Даби, еден од највпечатливите музеи во светот. Ќе имаме надворешна посета на ова архитектонско чудо, кое изгледа како да плови над морето и комбинира традиционален арапски стил со модерен дизајн. Турата ќе заврши со посета на World Trade Center Souk, модерен комплекс кој содржи традиционален пазар, продавници и кафулиња. Овде ќе имате можност за шопинг, купување сувенири или краток одмор пред враќање на бродот. Целата тура е пешачка, со релаксирано темпо и доволно време за фотографии, разгледување и кратки паузи. ⏰ Испловување на бродот е во 21:00 часот, а патниците треба да бидат на бродот најдоцна до 20:30 часот.
|
05.03.2026 |
Доха, Катар | Испловување во 20:00 часот Доха, главниот град на Катар, е еден од најбрзо растечките градови во светот, каде што модерната архитектура се спојува со традицијата. Некогаш мало рибарско село познато по ловењето бисерни школки, Доха доживеа неверојатна трансформација по откривањето на богатите гасни и нафтени полиња и стекнувањето на независноста на Катар во 1971 година. Денес, градот претставува вистински симбол на луксуз, развој и културно богатство, со супермодерни облакодери, луксузни хотели и марини полни со јахти. За време на престојот во Доха, патниците ќе имаат можност за пешачка тура со траење од околу 3 часа, во придружба на претставник од агенцијата. Туристичката рута е целосно пешачка и не е потребен дополнителен превоз или шатл, бидејќи сите главни атракции се достапни од пристаништето пеш. Турата започнува со прошетка по Corniche Walk, прекрасно крајбрежно шеталиште кое нуди панорамски поглед кон модерниот „скилајн“ на Доха. Ова е совршено место за фотографии и прв впечаток за луксузот на Катар. Следува посета на Souq Waqif, традиционален арапски пазар со продавници за зачини, сувенири, локална облека и уметнички дела. Тука ќе можете да пробате локални специјалитети или арапско кафе во едно од бројните кафулиња и ресторани. Потоа турата продолжува кон West Bay, деловен и финансиски центар на Доха, препознатлив по импозантните облакодери и современа архитектура. Ова е идеално место за фотографии и да се почувствува модерниот пулс на градот. Следната станица е The Pearl – Бисерот на Катар, луксузен комплекс изграден на вештачки острови, со марина полна со јахти, бутици, ресторани и кафулиња. Овде ќе се прошетате и ќе уживате во современиот и космополитски амбиент на Доха. Турата завршува со кратка пауза за одмор и можност за шопинг или освежување пред враќање на бродот. ⏰ Испловување на бродот: 20:00 часот (патниците треба да бидат на бродот најдоцна до 19:30 часот).
|
06.03.2026 |
Сир Бани Jaс- OAE | Испловување во 18:00 часот Сир Бани Јас е луксузен остров во Обединетите Арапски Емирати, дел од Емиратот Абу Даби, познат по своите природни убавини, плажи и богата флора и фауна. Овој остров претставува идеална дестинација за патници кои сакаат да уживаат во природа, рекреативни активности и авантури на отворено, далеку од градската динамика. За време на престојот, патниците ќе имаат можност за пешачка тура со придружба на претставник од агенцијата, во траење од околу 3 часа, при што ќе се посетат главните локации и интересни точки на островот. Туристичката рута е целосно пешачка и не е потребен превоз или шатл, бидејќи сите активности се достапни пеш од пристаништето. Турата започнува со кратка прошетка околу пристаништето, запознавање со островот и инструктажи од претставникот на агенцијата. Потоа следува прошетка низ природната резерватска зона, дом на различни видови птици и животни, вклучително и диви орикси и други автохтони видови, каде што патниците ќе можат да ги набљудуваат локалните флора и фауна и да се запознаат со природниот амбиент на островот. Следна станица е зоната за водни активности и пикник, каде што групата ќе направи кратка пауза за освежување и фотографии, со панорамски поглед кон заливот. По тоа следува прошетка кон спортските и рекреативните зони на островот, каде што патниците можат да се прошетаат, да набљудуваат морски живот и да се подготват за последната активност. Турата завршува со плажа, каде што патниците ќе имаат околу 2 часа за релаксација, капење, сончање, прошетка по песочниот брег и фотографирање, уживајќи во мирот и природната убавина на островот. На крајот, групата се враќа пеш до пристаништето, подготвувајќи се за враќање на бродот. ⏰ Испловување на бродот: 18:00 часот (патниците треба да бидат на бродот најдоцна до 17:30 часот).
|
07.03.2026 |
Дубаи – Истанбул – Скопје Појадок и искрцување од бродот. Слободно време во Дубаи за индивидуални активности или шопинг. Во попладневните часови, трансфер до аеродромот во Дубаи. Лет TK 765 со Turkish Airlines на релација Дубаи – Истанбул со поаѓање во 15:00 ч. и слетување во Истанбул во 19:10 ч. Потоа, преседнување на лет TK 1005 Истанбул – Скопје со поаѓање во 20:15 ч. и слетување во Скопје во 19:45 ч. (по локално време). |
Крај на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Повратен авионски билет на релација Скопје – Дубаи – Скопје (преку Истанбул), со вклучени аеродромски такси
(дозволен багаж: 30 кг регистриран + 8 кг рачен багаж)
• Сите трансфери: аеродром – пристаниште – аеродром
• Туристички водич на македонски јазик за време на целото патување и крстарење
• 8-дневно крстарење со бродот Costa Toscana
Сместување во кабини со туш/WC, клима уред, сеф, ТВ, фен, пешкири
Полн пансион со разновидна храна
Вода од апарат, кафе, чај, ужина
Гала вечера, тематски вечери
Базени, тобогани, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар
Дневни активности и анимации
Услуга за погрузување и истовар на личен багаж
• Пристанишни такси во износ од 180 € (вклучени во цената)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
77 € по лице за целото крстарење и
38,50 € за деца на возраст од 4 до 14 години.
(Бродската компанија го задржува правото да ја измени висината на напојниците.)
Важна напомена:
Горенаведената цена важи за резервации направени до 01 ноември!
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
✔ Депозит 1 – 125€/7750 мкд од лице при резервација до 13.09.2025
✔ Депозит 2 – доплата до 30% до 25.11.2025.
✔ Целосна уплата 35 дена пред патување .
БЕЛЕШКИ:
• Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани со прописите на бродската компанија.
• Сопственикот на бродот го задржува правото да ја промени програмата за крстарење и други промени поради непредвидени меѓународни околности прописи за пловидба и превоз на патници по морски пат.
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени програмата за патување во случај на непредвидени околности.
• КОУЗОН ТРАВЕЛ не сноси одговорност за неточни пасоши или за немање потребни визи за ова патување, како и одговорност доколку дипломатското конзуларно претставништво одбие да издаде виза или ако имиграција
одделот на странската држава на учесникот на патувањето не му дозволува влез во земјата.
• За ова патување, пасошот мора да има важност уште најмалку шест месеци по враќањето од патувањето.
• Туристичка агенција КОУЗОН ТРАВЕЛ работи во согласност со правилата и прописите на Европската Унија и бродската компанија. Обврска на агенцијата и на патниците е да ги почитуваат сите валидни и потенцијални нови услови за патување . Туристичката агенција ќе ги информира патниците за актуелната регулатива, како и за сите измени обезбедени од Costa Cruises доколку ги има.
• Задолжителна е полиса за патничко здравствено осигурување што покрива Ковид-19
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Ден |
Пристаниште |
Пристигнување |
Поаѓање |
1 |
Дуаби- OAE |
– |
23:59 |
2 |
Ден на море |
– |
– |
3 |
Мускат – Оман |
07:00 |
19:00 |
4 |
Кхасаб – Оман |
09:00 |
20:00 |
5 |
Абу Даби- OAE |
08:00 |
21:00 |
6 |
Доха – Катар |
10:00 |
20:00 |
7 |
Сир Бани Jaс- OAE |
09:00 |
18:00 |
8 |
Дуаби- OAE |
08:00 |
– |
Избери кабина на сместување
Избери датум на патување
Само за наши членови – попусти, новости и скриени понуди!