ПРОЛЕТ 2026
Групно патување во ЈАПОНИЈА
од Скопје
Термин: 13 – 23 април 2026 | 9 дена / 8 ноќи
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Пакет аранжман: Авионски билети од Скопје I 4 ноќевања во хотел со појадок во Токио I 2 ноќевања во хотел со појадок во Кјото I 2 ноќевања во хотел со појадок во Осака I Сите трансфери I Влезници вклучени според програмата I Локален Водич I Претставник од агенција со пријавени 10 лица
Ова патување во Јапонија е реализирано во најпосакуваниот период од годината – сезоната на цветање на црешите (sakura), кога земјата нуди уникатна атмосфера и природна убавина. Програмата е внимателно осмислена за да обезбеди целосно организирано искуство, со вклучени сите планирани тури, разгледувања и трансфери според програмата. Со избрано сместување, локален водич, приватен превоз и посета на најзначајните знаменитости, патувањето овозможува безгрижно уживање без дополнителни доплати за основните активности. Ова е можност да се доживее Јапонија во нејзината врвна сезона, со јасна структура и комплетна вредност, каде секој ден е однапред испланиран и вклучен во цената.
Пакетна цена од лице од
2890 €
|
ПРОГРАМА за ПАТУВАЊЕ |
|||
|
13.04.2026
|
Скопје -Токио Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет. Полетување од Скопје со лет TK1006 на 13.04.2026 во 20:15 часот. Пристигнување во Истанбул во 22:45 часот. Tрансфер и продолжување на патувањето со лет TK198 на 14.04.2026 во 02:05 часот. |
||
|
14.04.2026
|
Токио Пристигнување во Токио (аеродром Haneda) во 19:20 часот по локално време со лет TK198. По завршување на пасошка контрола и подигнување багаж, пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија околу 21:00 часот и организиран трансфер до хотел. 21:00 | Check-in Во близина на хотелот се наоѓаат ресторани со јапонска и интернационална кујна, 24/7 маркет (7‑Eleven) за брзи набавки, како и трговскиот центар Aeon Mall Toyosu со ресторани, кафулиња и продавници. Слободно време за лесна вечера (со доплата) и одмор. |
||
|
15.04.2026
|
Токио Овој ден е посветен на првото вистинско запознавање со Токио – град каде што старите јапонски традиции и футуристичката архитектура живеат рамо до рамо. Турата се одвива со приватен автобус и лиценциран локален водич, што овозможува комфорно разгледување без напор.
09:30 – 10:30 | Утро – Ueno Park Денот започнува со прошетка низ Ueno Park – зелена оаза во срцето на градот, идеална за лесно прилагодување по патувањето и први пролетни фотографии. Зеленило, езерца и мирна атмосфера – одличен вовед во секојдневниот ритам на Токио.
11:30 – 12:30 | Пред пладне – Meiji Shrine Продолжуваме кон Meiji Shrine, сместен во густа шума во центарот на градот. Момент на тишина, духовност и автентично јапонско чувство, како контраст на урбаниот ритам што следи.
13:30 – 14:45 | Ручек – Akihabara Пристигнување во Akihabara и пауза за ручек во резервиран ресторан (индивидуално плаќање). Време за одмор и енергија пред попладневните активности.
15:00 – 16:30 | Попладне – Akihabara Прошетка низ Akihabara кога квартот почнува да оживува – неонските светла се палат, улиците се полнат, а атмосферата станува вистинско „Tokyo experience“. Кварт познат по технологија, аниме култура и шарени излози.
17:30 – 18:45 | Касно попладне – Odaiba Премин кон Odaiba – модерна островска зона во Токискиот залив. Прошетка со панорамски погледи кон заливот и Rainbow Bridge, идеално време за фотографии во „златниот час“.
19:15 – 19:45 | Крај на денот – Sumida River (опционално) Лесна вечерна прошетка покрај реката Sumida како опуштен финиш на динамичниот ден. Ноќевање во хотел во Токио. |
||
| 16.04.2026 |
Токио, Јапонија Започнуваме во Shibuya, дом на светски познатиот Shibuya Scramble Crossing – најпознатиот пешачки премин во светот, каде за само неколку секунди минуваат илјадници луѓе, создавајќи сцена што го симболизира пулсот на модерниот Токио. Продолжуваме со прошетка по Cat Street – стилска пешачка улица што ги поврзува Shibuya и Omotesando, позната по модерната архитектура, дизајнерските бутици и креативната улична култура. Прошетка по Omotesando – елегантна авенија каде современиот дизајн, модерните бутици и урбаниот стил го прикажуваат порафинираното лице на Токио. 17:00 – вечер | Со метро – Shinjuku & Golden Gai Со метро се упатуваме кон Shinjuku – еден од најживите делови на градот. Прошетка низ квартот и продолжување кон Golden Gai – мрежа од мали барови што ја доловуваат носталгичната атмосфера на токиската ноќ. Слободно време во Shinjuku за индивидуални активности – шопинг, вечера во локални ресторани или уживање во неонската вечерна атмосфера (вечера со доплата). Враќање во хотел по завршување на програмата. Ноќевање во хотел во Токио. |
|
|
|
17.04.2026
|
Токио, Јапонија Овој ден е посветен на поелегантното и историското лице на Токио, каде луксузниот шопинг, царската историја и традиционалните квартови се спојуваат во еден балансиран и богат ден. Разгледувањето се одвива со приватен водич и користење на метро за комфорно движење. 09:00 – 13:30 | Пешачка тура & метро – Ginza → Imperial Palace → Tokyo Station
13:30 – 14:30 | Ручек (индивидуално плаќање) 15:30 – 17:00 | Asakusa & Senso-ji Temple 17:00 – 18:30 | Tokyo Skytree 18:30 | Вечера (индивидуално плаќање) 20:00 | Враќање во хотел – пристигнување, време за одмор и ноќевање. Дополнителни совети:
|
||
|
18.04.2026
|
Кјото, Јапонија Овој ден означува преод од современиот ритам на Токио кон автентичната атмосфера на Кјото. По удобно патување со брзиот воз Shinkansen, попладнето е резервирано за прв допир со историските улици и храмови на поранешната јапонска престолнина. Утро | Појадок во хотел 09:30 – 13:30 | Патување – Токио до Кјото
15:00 | Kiyomizu-dera Temple 16:30 | Sannenzaka & Ninenzaka 18:00 | Вечера (индивидуално плаќање) 19:30 | Враќање во хотел Дополнителни совети за Ден 5:
|
||
|
19.04.2026
|
Кјото, Јапонија Денес ќе го доживееме Кјото во неговото најиконично издание – од Златниот павилјон што блеска над мирното езерце, преку легендарните илјадници црвени порти, до прошетка низ бамбусовата шума во Арашияма. Ова е ден полн со фотографии, атмосфера и „Јапонија како на филм“, со флексибилно темпо според енергијата на групата. 09:30 – 17:30 | Разгледување со водич и транспорт со автобус 10:00 | Kinkaku-ji – Златниот павилјон 12:00 | Ручек (индивидуално плаќање) 13:30 | Fushimi Inari Taisha 15:30 | Arashiyama Bamboo Grove 17:30 | Вечера (индивидуално плаќање) 19:00 | Враќање во хотел Дополнителни совети за Ден 6:
|
||
|
20.04.2026
|
Кјото → Нара → Осака Овој ден ќе го посветиме на духовното и историско срце на Јапонија, со посета на Нара – првата постојана престолнина, а потоа продолжуваме кон динамичната и модерна Осака. Утро | Појадок во хотел и check-out 09:30 | Поаѓање од Кјото кон Нара 11:00 | Nara Deer Park 11:45 | Todai-ji Temple 12:45 | Kasuga Taisha (опционално) 13:30 | Ручек (индивидуално плаќање) 16:10 | Поаѓање кон Осака 17:30 | Пристигнување во Осака и check-in во хотел Dorsett by Agora Osaka
|
||
|
21.04.2026
|
Осака , Јапонија Овој ден ќе ја доживееме опуштената и разиграна страна на Осака – град познат по својата енергија, модерна архитектура, богата историја и одличен шопинг. Денот е со лесно темпо, идеален за уживање и слободно истражување. Утро | Појадок во хотел 09:30 | Поаѓање од хотел 10:00 | Osaka Castle 12:00 | Umeda Sky Building 13:30 | Ручек (индивидуално плаќање) 15:00 | Dotonbori & Shinsaibashi 18:00 | Вечера (индивидуално плаќање) 19:30 | Враќање во хотел Дополнителни совети за Ден 8:
|
||
|
22.04.2026
|
Осака – Истанбул Последниот ден е оставен слободен за уживање во Осака во сопствен ритам. Ова е идеална можност за последен шопинг, прошетки, кафе-паузи и впивање на урбаната атмосфера на градот, без брзање и без организирана програма. Предлози за активности: Последен шопинг Јапонски ручек без брзање Кафе и прошетка Организиран трансфер кон аеродромот Саатници за лет:
Совети:
|
||
|
23.04.2026
|
Истанбул-Скопје Пристигнување во Скопје утринските часови.
|
||
Крај на патувањето.
|
пАКЕТНА ЦЕНА ОД ЛИЦЕ 2890€ |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
Услови за резервација:
✔ Депозит 1 – 30%. лице – при резервација
✔ Доплата – 30 дена пред патување
*ПОЛИТИКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ:
✔ 01.02-01.03.2025 – 30% од вредноста на договорот
✔ 02.03-10.5.2026 – 75% од вредноста на договорот+ депозит
✔ од 11.03.2026 – 100% * во случај на откажување по овој термин се губат сите депозити
За плаќања од странство даваме инструкции за плаќање.
БЕЛЕШКИ:
COVID-19
Цената е дадена во евра
Само за наши членови – попусти, новости и скриени понуди!