Групно крстарење со COSTA SMERALDA
Западен Медитеран
Термин: 24.04.2025-02.05.2025
• ГАРАНТИРАНО ПОАЃАЊЕ •
Коста Смералда нуди многу погодности достапни за патниците: централно подрачје, ресторани, базени, џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, спа… За најмладите има посебен простор само за играње и забава. Театарот Санремо на две нивоа, тинејџерски салон, салон, диско, казино Лагуна, барови и салони, пури бар ќе се погрижат секој момент од крстарењето да биде интересен.
Крстарете по Западен Медитеран и посетете ги Џенова, Марсеј, Барцелона,, Каљари, Неапол, Рим,со организирано повратно авионско патување, сите трансфери, ноќевање во Рим , претставник , 8-дневно крстарење и пристанишни такси веќе од
1399€
24.04.2025 | Скопје-Рим
Собир на групата на аеродромот во Скопје во 02:20 часот на шалтер на Austrian Airlines на релација Скопје-Виена-Рим .По слетувањето и завршените гранични формалности, следува трансфер до пристаништето и качување на бродот Costa Smeralda. По завршување на формалностите за качување и сместување во кабините, можете да вечерате во ресторанот. |
25.04.2025 | Џенова
Џенова е едно од најважните пристаништа на Медитеранот, а не само на Италија. Традицијата на навигација по Медитеранот овде е стара илјадници години, а превозот и трговијата се вткаени во секое место и зграда на овој прекрасен град. Лантерна, односно светилникот висок 117 метри и катедралата Свети Лоренс се препознатливи симболи на Џенова, потоа тука се аквариумот, Дуждовата палата и плоштадот Ферари со прекрасната фонтана и операта Карло Феличе. Недалеку од Џенова се наоѓа Портофино, најшармантниот град на лигурската ривиера. |
26.04.2025 | Марсеј Франција
Марсеј е вториот по големина град во Франција и едно од најважните пристаништа на Сероземјето .Често се опишува со епитетот Врата на Ориентот заради бројната афричка и блискоисточна популација.Тоа е град на големи етнички и верски разлики кои меѓусебно се испреплетуваат па ќе се почувствивате дека се наоѓате на раскрсница помеѓу Европа Африка и Азија .Пoгледот на градот од ридот на кој се наоѓа катедралата Notre Dame de la Grande е спектакуларен. Со еден поглед можете да опфатите историја стара 26 векасо неверојатното плаво море и небо .Централните улици на градот и старото пристаничте неодамна се реновирани и сега сјаат во полн сјај. |
27.04.2025 | Барцелона Шпанија
Главниот град на ан шпанскиот автономен регион Каталонија е еден од најпосетуваните градови на Медитеранот .Неодоливата привлечност на Гаудиевите архитектонски дела сеуште не е надмината .Sagrada Familia , Casa mila I Casa Bastio мора да се посетат а гужвата и метежот на Ramblasa I Gotskiot kvart треба да се доживеат .Посебната атмосфера на градот ќе се вреже засекогаш во вашето срце и паметење . 40.4N,003.2E -Балеарско море ( 23:30-00:30 h) Во текот на пловењето на отворено море и темната ноќ на Средоземното море ќе се покаже неверојатното небо исполнето со ѕвезди .Офицерите ќе ве водатт низ созвездијата и подобо ќе ги запознаете галаксиите и ѕвездите кои можат да се видат на небото ноќе над Медитеранот |
28.04.2025 | Ден на отворено море
Бродот Коста Смералда припаѓа на бродовите од класата Excellence и е изграден во 2019 година во бродоградилиштето Мејер Турку во Финска, со цена на изградба од околу 900 милиони евра. Коста Смералда моментално е најголемиот брод што плови во компанијата Коста и е вториот брод во светот кој целосно се напојува со течен нафтен гас (ЛНГ). Бродот е долг 337 метри, широк 42 метри, со бруто тонажа од 185.000 тони и максимална брзина од 22 јазли. Бродот има вкупно 19 палуби, од кои 16 се достапни за патниците, со околу 2.600 кабини и капацитет од околу 5.500 патници за кои се грижи екипаж од околу 1.650 членови. При украсувањето на внатрешноста на бродот, дизајнерите биле инспирирани од островот Сардинија и неговиот познат смарагд брег. Коста Смералда нуди многу содржини на располагање на патниците: централно подрачје, ресторани, базени, џакузи, теретана, спортски терени за кошарка и одбојка, спа… За најмладите има посебен простор само за играње и забава. Театарот Санремо на две нивоа, тинејџерски салон, салон, диско, казино Лагуна, барови и салони, пури бар ќе се погрижат секој момент од крстарењето да биде интересен. |
29.04.2025 | Каљари(Сардинија) , Италија
Сардинија е второто најголемо острово на Медитеранот а Каљари е главен и најголем град на овај автономен остров .Потеклото на името на овој град е од сардинискиот јазик и зборот Casteddu , што во превод значи замок .Kaљари е главен град на кралството Сардинија од каде што кралската куќа Savoja го започнала процесот на обединување на Италија.Од градските знаменитости се издвојуваат , некрополите од времето на Картагена,Римскиот амфитеатар ,ранохристијанската базилика Катедралата,средновековниот дел на градот Castelo … Сардинија е позната по одличните вина и со сирењето Пекорино.За разлика од Сицилија и југот на Апениснскиот полуостров, овој остров има повисок животен стандард и може да се сподери со северот на Италија . |
30.04.2025 | Наполи , Италија
Неапол е еден од најстарите градови на Медитеранот, сместен во подножјето на заспаната планина Везув. Основана е од античките Грци во 9 век п.н.е и ја нарекле Партенопа, а во 6 век п.н.е го добил сегашното име Неаполис, односно „Нов град“. Мирисот на пица од рерната на дрва се чувствува на секој чекор, пицата Маргерита е создадена во Неапол и таму е отворена првата пицерија. Јужниот шарм и карактер на овој град е невозможно да не се забележи.. |
01.05.2025 | Рим ,Италија
По појадок, слегување/одјавување од бродот и следува трансфер до хотел во Рим.Вечниот град е вечна инспирација за сите патници кои имале среќа да одат на аџилак во овој град со име кое е темел на нашата цивилизација – Рим. Римските форуми беа центарот на политичкиот, верскиот, трговскиот и секој друг живот на антички Рим. Brdašce Campidoglio и денес се смета за центар на градот и таму се наоѓа Palazzio Senatorio, односно палатата која е официјалното работно место на градоначалникот на Рим. Пјаца Венеција и Виа дел Корсо секогаш се полни со толпи луѓе кои бараат продавници и убави ресторани, а сите патишта некако водат до Фонтаната Треви. Не заборавајте да фрлите паричка! Светлосно шоу „Светилиште на морските суштества“ (23:30-00:30 часот) Во ова уникатно шоу на бродот за време на ноќното пловење, светлината игра и ги открива фасцинантните тајни на морскиот свет и неговите големи суштества, делфини и китови. |
02.05.2025 | Рим- Виена-Скопје
По појадок, се одјавуваме од хотелот во Рим и следува трансфер до аердромот Фиумичино РИМ. Летот на Austrian Airlines на релација Рим- Виена-Скопје со очекувано време на полетување во 14:50 часот и слетување во 22:15 часот на аеродромот во Скопје . |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА НА БРОДОТ::
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
БЕЛЕШКИ:
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Ден | Пристаниште | Пристигнување | Поаѓање |
1 | Чивитавекиа (Рим)Италија | – | 19:00 |
2 | Џенова Италија | 08:30 | 18:00 |
3 | Марсеј, Франција | 09:00 | 18:00 |
4 | Барселона (Шпанија) | 08:00 | 18:00 |
5 | 40.4 N, 003.2 E – Balearic sea | 23:30 | 00:30 |
5 | Ден на море | – | – |
6 | Каљари(Сардинија) Италија | 07:00 | 16:30 |
7 | Наполи Италија | 10:00 | 20:00 |
8 | Чивитавекиа (Рим)Италија | 08:00 | – |
Избери кабина на сместување
Избери датум на патување