Моторниот брод Ariana е изграден во 2012 година во Холандија и фасцинира со својот дизајн и удобност. Бродот има широко и пространо лоби, панорамски бар со подиум за танцување, заден бар, главен ресторан, библиотека со катче за читање, голема палуба за сонце со џакузи и лежалки, интернет, продавница за сувенири, теретана , фризерски салон и студио за масажа.
Кабините се наоѓаат на три палуби и се со големина од 12 до 14 km. На гостите им е достапен лифт кој ги поврзува палубите. Пространите кабини, од кои многу имаат француски балкони, се целосно поплочени, а боите и ентериерот ќе направат да се чувствувате како дома. Секоја кабина има бања со туш, тоалет, фен, ТВ, телефон, сеф и клима.