Azamara е подружница на Royal Caribbean Cruises, Таа има три брода во својата флота – Amazara Journey, Azamara Pursuit и
Azamara Quest . Сите три се изградени во 2000 година и имаат капацитет
од 690 патници . Малата големина на бродовите во флотата
Азамара создава чувство на удобност во интимно, опуштено опкружување каде што
секој момент е искуство. Беспрекорната услуга, префинетата кујна и избраните
вина од целиот свет се белегот на компанијата за крстарење. Големината на нивните
бродови им овозможува да се закотвуваат на малите пристаништа поблиску до
градовите за поголема удобност за нивните патници. Најочекуваната и голема
атракција на секоја рута со која управуваат бродовите Азамара е тематската
забава покрај базен.
Она што е специфично за резервирање на крстарење со Азамара
е тоа што цените се ALL INCLUSIVE , односно практично се е
вклучено во цената. Дополнително се плаќаат само екскурзии на брегот, спа
услуги и комуникациски услуги на бродот.
Бродовите Азамара пловат до различни делови на светот.
Нивните најчести рути се во Европа, Карибите, Јужна Америка и Азија .